Томас ван Бохемен (Heineken Global). фото: Драган Митрески СП

ВИДЕОИНТЕРВЈУ: Томас ван Бохемен (Heineken International B.V. Global): „Да се стремиш кон совршено точенo пиво е како да постигнеш гол“

Во светот на пивото, совршенството не се мери само во вкусот, туку во секоја секунда – од производството до самото сервирање. Токму тоа е сржта на програмата Star Quality на Heineken International B.V., глобална иницијатива посветена на уметноста на совршено точење пиво.

Се прашуваме: колку време, внимание и љубов се потребни за да се создаде едно совршено пиво? Затоа што во таа една секунда на првата голтка, се случува моментот кога велиме: „Мммм… освежувачко!“

Токму на оваа тема разговаравме со Томас ван Бохемен – Star Quality Manager во Heineken International B.V. – човекот кој ја носи мисијата да обезбеди конзистентно премиум искуство на секоја точена чаша, на секој пазар во светот.

За време на обуките организирани од АД Пивара Скопје, Томас ги обучуваше локалните бармени како дел од програмата Star Quality, споделувајќи знаење за уметноста на точењето пиво и вниманието кон деталите што стојат зад секоја чаша.

„Имав бармени пред мене кои мислеа дека веќе знаат сè за точење пиво. Но на крајот од обуката ми рекоа дека сега гледаат на целото искуство на сосема поинаков начин – нешто што досега не го забележувале.“

Поранешната пиварница на Heineken International B.V. во Амстердам, денес позната како Heineken Experience, претставува симбол на оваа еволуција. Отворена во 1991 година, таа нуди мултимедијално патување низ историјата на брендот, процесот на производство и културата на пивото.

Со Томас разговаравме и за уметноста на точење пиво – процес кој е многу повеќе од техника. Според него, секој детаљ, од температурата до изборот на чашата, има директно влијание врз целокупното искуство.

„Да се стремиш кон совршено точено пиво е како да постигнеш гол. Сè е во искуството – од моментот кога започнува точењето, до првата голтка што те изненадува и ти носи чувство на свежина и задоволство.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот