ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Студентите на „Бреинстер“ покрај диплома, стекнуваат и работно искуство
Да ја направиме Македонија препознатлива по квалитетно образование — ова била визијата на Петар Ниновски, основач на „Бреинстер Некст колеџ“ (Brainster Next College) и генерален директор и основач на „Бреинстер група“ (Brainster Group), уште од самите почетоци. По една деценија успешно опстојување, Ниновски смета дека се на добар пат кон реализација на посакуваната цел.
Препорачано
– На почетокот, морам да бидам искрен, немаше многу луѓе коишто веруваа дека можеме да успееме во нашите намери. Но, сосема оправдано, дури и јас имав мал сомнеж дали ми се реални посакувањата. Ако денес погледнеме ретроскпективно на нашето достигнуање, ќе видиме значајни резултати коишто ја поддржуваат таа визија, иако уште сме далеку од тоа да му ја покажеме Македонија на светот како место со квалитетно образование – вели за „Слободне печат“ Ниновски.

„Бреинстер Некст колеџ“ е единствениот факултет во државата, кој е на листата на топ 600 практични факултети во Европа.
– Многу сме горди што успеавме „Бренстер Некст“ да стане првата и единствена високообразовна институција од Македонија што е примена како полноправна членка на EURASHE – European Association of Institutions in Higher Education, најголемата европска мрежа на применети универзитети. Потоа, НУ Академиите за средношколци, со кои циркулираме не само во Македонија, туку преку франшиза моментално се продаваат и во Словенија и во Хрватска. Замислете 100% македноски призвод, наместо да извезуваме мозоци, извезуваме знаење и производи – вели Нинoвски.

„Бреинстер“ е двигател за практичното образование во државава, кое го темели на еден умерен, но стабилен начин.
– Кога ќе кажеме дека нашите студенти покрај тоа што стекнуваат диплома, оттука заминуваат и со работно искуство, се прашувате: „Како е тоа возможно?!“ Студенти уште во прва година почнуваат да работат на проекти за одредена компанија, почнуваат да работат на пракса, на заложителни пракси, имаме и предмет од индустрија каде што експерти од компаниите доаѓаат и предаваат кај нас на факултетите. На тој начин паралено додека учат, тие и работат. Ова е од огромна важност денес кога вештачката интелигенција го зазема местото на многу нови кадри без искуство, ние продуцираме веќе оформен кадар – објаснува Нинoвски.

Логото на македонското Собрание моментално се изработува од страна на студентите на „Бреинстер“. Анја Марија Макеска, маркетинг-директор на „Бреинстер Некст колеџ“ и „Бреинстер група“, споделува дел од бројните успешни приказни на нивни ученици.
– Можам да издвојам неколку што ми се најдраги. Еден од нашите студенти од прва година, прв семестар, Марко, ја дизајнираше новата лимитирана едиција на лименки пиво „златан даб“. Култната „Бушава азбука“ им ја даде довербата на нашите студенти кои ќе дизајнират четири игри за „Бушава азбука“. Веќе три проекти имаме изработено за Собранието на Република Македонија. Меѓутоа, во овој момент, нашите студенти го дизајнираат и логото за Собранието – вели Макеска.

Колеџот соработува со преку 200 компании во различни аспекти од образованието.
– Нашата соработка со компаниите се одвива на неколку нивоа. Првото ниво е во тоа што тие се наши партнери во креирање на програмите. Нашата мисија на нашиот факултет е да ги подготвиме нашите студенти со практично знаење и релевантни вештини. Во тоа, најдобро ни помага индустријата или компаниите. Имаме сорабатка во делот на задолжителни пракси и вработувања, 23 компании ги примија нашите апсолвенти на пракса. Другото ниво е работа на реални проекти. Многу сме благодарни што компаниите имаат доверба во нас, во нашиот факултет, во нашите програми, во нашите студенти и им даваат можност на студентите да работат на овие проекти и да ги стават во нивното портфолио. И последното ниво е предмет од индустрија, во кој нашите студенти имаат можност да учат од претставници на компанијата – рече Макеска.
Целта на „Бреинстер“ е да им ги отвори вратите на студентите и надвор од државата.
– Се стремиме кон тоа, нашите студенти да имаат можности за интернационална пракса и интернационални вработувања. Оваа година дел од нашите графички дизајнери имаат можност за интернационална пракса во италијанско списание, така што тоа е еден дел каде се фокусираме да имаме што повеќе глобални компании, глобални брендови – вели таа.

Се запознавме со Ангела Апостолова, апсолвент на софтверско инженерство и иновации.
– На матурантите ќе им препорачам да не одбираат факултет само заради бренд, тренд или име, туку да изберат факултет што ќе ги тера да учат вредности и вештини коишто ќе ги применуваат во својата кариера. Да изберат факултет што ќе ги турка да растат, а не само да дипломираат – вели Апостолова.

Во мометов „Бреинстер Некст колеџ“ брои 300 активни студенти, а запишуваат преку 150 бруцоши.
Заради зголемениот интерес за практично ориентирано високо образование и селктираните групи, годинава за првпат отвора ран уписен рок со финансиска поволност. За сите што сакаат високо образование со европски пристап — како во странство, но дома — достапна е можност за апликација за финансиската поволност за раниот уписен рок.
Технологија за добро: Осум реални проекти на Бреинстер кои дадоа придонес на заедницата


