Жанета Скерлев - Дописник од Лондон
Жанета Скерлев - Дописник од Лондон

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Скерлев: Што да правам со лековите со поминат рок, аптекарите не ми ги примија?

Новинарката Жанета Скерлев, долгогодишен соработник на „Слободен печат“, допосничка и колумнистка од Лондон,  го отвори прашањето што прават граѓаните со лековите со поминат рок, откако таа се соочила со ситуација да не знае што да прави со лековите на мајка ѝ, кои се надвор од употреба. Скерлев ќесата полна со лекови со поминат рок ги однела во една скопска аптека.

– Ние во Лондон така постапуваме, лековите со поминат рок ги носиме во аптеките, за понатамошното уништување се задолжени фармацевтски лица. Тоа го знам отсекогаш. Лекови не се фрлаат во ѓубре, ниту пак во веце школка или лабаво, тоа е штетно по животната околина. Како човек кој уште од рана возраст сум поборник за чиста животна средина посебно внимавам како постапувам. Перидов сум тука во Скопје на гости кај мајка ми, видов дека има многу лекови со поминат рок дома, ги собрав и се упатив во аптека, оти не знам поинаку – вели Скерлев за „Слободен печат“.

Но, ситауцијата била неочекувана за неа, аптекарите откако прво со негодување ја земале ќесата, потоа побарале да си ја земе.

– Не беа сигуни дали да ги земат лековите, за да не им направам проблем оставив телефонски број во случај ако треба да ме побараат. Не помина многу ми се јави нивата шефица која беше испаничена и исплашена, барајќи од мене веднаш да дојдам да си ги земам лековите. Си ги земав, но сега не знам што со нив. Некој нека ми одговори што да правам каде да ги однесам – вели Скерлев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот