ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Кацарска: Крајната десница во ЕП е расцепкана и тешко дека ќе креира еден ентитет

Симонида Кацарска / Фото: Принтскрин

„Многу од оние кои имале тешкотија да обезбедат свое место на национална сцена, своето место го наоѓаат во Европскиот Парламент. Десницата којашто сега се наоѓа во ЕП ќе биде тешко да се конципира како една сила, бидејќи честопати имаат различни барања и затоа е тешко да се види дека ќе се креира еден таков ентитет“, рече директорката на Институтот за европска политика – ЕПИ, Симонида Кацарска во утринската програма на Слободен печат.

Таа додаде дека европските избори се на некој начин второкласни национални избори и најчесто служат за давање на глас на протест кон владејачката партија.

„По оваа интерпретација беше и постапката на претседателот Макрон, бидејќи виде дека има голем протестен глас против него“ рече Кацарска во врска со распишувањето предвремени избори во Франција.

Таа додаде дека поради различните процедури, но и излезноста во различните држави тешко е да се генерализира и да се сумираат ефектите и поврзаноста со домашната политика.

Повеќе од интервјуто со Кацарска во линкот во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот