ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Душко Гошевски: Македонија е „Мека“ за Понзи шеми во тргувањето со криптовалути

Душко Гошевски/Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Пазарот со криптовалути во Македонија е полурегулиран и во моментов претставува идеално место за измами и т.н. Понзи шеми, вели адвокатот Душко Гошевски, експерт за тргување со криптовалути и блокчеин технологии.

– Ние сме „Мека“ за Понзи шеми, затоа што вие сега реално немате финансиска писменост и едукација во овој дел, бидејќи нема ниту една македонска платформа, ниту еден македонски провајдер, каде што може луѓето да се информираат. И на вас кога ќе ви стигне на мејл, следите, пратите дека во светот оди нагоре пазарот и кога ќе ви стигне мејл со можност за брза соработка, тргувај овде, тргувај онде, тоа се можности за големи Понзи шеми – изјави Гошевски во утринската програма на Слободен печат.

Голем број на држави во светот овој пазар го имаат регулирано и на тој начин привлекле сериозни инвестиции.

– Даноците во Македонија се мали и тоа може да привлече инвеститори. Не е исто да платите 53 отсто данок на приход во скандинавските земји и 10 отсто во Македонија. Сепак, нерегулираниот пазар ги одвлекува сериозните инвеститори, бидејќи тоа може да им донесе легален проблем во иднина. – додава тој.

Во интервјуто Гошевски се осврна и на почетоците н Биткоинот, првата, највредната и воедно најпопуларна криптовалута во светот, а објасни и што точно означува терминот „копање“ на коини.

– Копањето всушност е верификација на тргувањето на блокчеин платформата. Блокчеин е технологијата, а криптовалутите се трансакциите кои се валоризираат на различни начини со префрлање од едно на друго место – вели Гошевски.

Тој апелира на ниската информираност и свест во Македонија, кога се во прашање криптовалутите. Потсетува дека и во нашиот образовен систем овој сегмент од економија та не е опфатен, со што нашите идни претприемачи и експерти ќе бидат неподготвени за натпревар на глобалниот пазар.

Целото интервју со нашиот гостин погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот