ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Александар Ристевски, аналитичар: Во ЕУ ќе влеземе на купче со сите од Западен Балкан

Александар Ристовски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во Европска Унија или нема да влеземе никогаш или ќе влеземе цел Западен Балкан на купче одеднаш. За да се случи тоа треба да се реши босанската ситуација, косовското прашање, да се реши геостратешки Црна Гора, Србија да реши да влезе, Албанија да се прилагоди таму кај што треба, да решат и да сакаат и нас да нè турнат со сите – вели аналитичарот Александар Ристевски.

Во утринската програма на Слободен печат, Ристевски потенцира дека нашето влегување во ЕУ е зависно од целокупната регионална слика на Западен Балкан и дека единствено со „булдожер дипломатија“ би можело да се случи ние и цело наше опкружување да се најдеме во рамките на ЕУ.

– „Булдожер дипломатијата“ е повеќе обележје на Американците, отколку на Европа, која сè уште тера национална политика и тоа е одлика на сите држави, а тоа влече корени од 19 век и ништо не се менува. Затоа денеска немаме унисона или унифицирана европска политика – тврди аналитичарот.

Ристевски смета дека Македонија досега покажала два концепта, во поглед на нашето приближување на ЕУ. Првиот концепт е барање на некаква правда, додека вториот, за кој вели дека беше одлика на претходната власт е со политички одлуки и со отстапки дека нешто може да се пренегребне, без разлика каква е внатрешната ситуација во државата.

– Проблемот на Македонија и севкупно на Западниот Балкан не се политичките одлуки, отстапки, граници, идентитески и национални прашања, туку е севкупно функционирање на самата држава – вели Ристевски.

Тој смета дека нашата дипломатија не треба да стои мирно, туку напротив, треба умешно да ги користи глобалните процеси, со цел да се дојде до посакуваната цел.

– Понекогаш и ние треба да извршиме притисок, дипломатски, полудипломатски, второ да си ги гледаме сопствените интереси. Првиот, основен интерс на Македонија е да биде функционална држава – тврди Ристевски и дека можеби седењето на две столици во надворешните односи би можело да биде добредојдено во евроинтегративниот процес, кој на таков начин би бил забрзан.

Целото интервју погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот