ВИДЕОI Белорусија: Десетици приведени за време на протестите на Денот на слободата
Безбедносните сили на Белорусија вчера приведоа десетици луѓе на демонстрациите против претседателот Александар Лукашенко, со кои бараат негова оставка.
Здружението за човекови права Вијасна-96 (Пролет-96) соопшти дека најмалку 45 лица биле приведени на демонстрациите на повик на опозицијата.
Во пресрет на демонстрациите по повод неофицијалниот „Ден на слободата”, полицијата распореди водени топови и возила во центарот на Минск.
Drivers are honking, people line up along the road in support.#FreedomDay peaceful protests have started across Minsk.#StandWithBelarus #Belarus via @Belsat_Eng pic.twitter.com/dX2DZnUAf4
— Voices from Belarus (@VoicesBelarus) March 25, 2021
Белорусија ја тресе политичка криза од претседателските избори на 8 август, на кои долгогодишниот претседател Лукашенко (61) прогласи победа со 80,1 процент од гласовите.
Изборите се сметаат за наместени и предизвикаа неколкумесечни масовни демонстрации, со многу убиени и над 30.000 приведени.
Одбележувајќи ја годишнината од Белоруската декларација од 1918 година, кога земјата накратко имаше независност од Русија, лидерката на опозицијата Светлана Тихановскаја, која моментално е во егзил во Литванија, на Твитер повика „сите белоруски пријатели да се солидаризираат со Белорусија на маршот на Денот на слободата на 25 март”.
Владата во Минск соопшти дека ќе одговори на демонстрациите, а министерот за внатрешни работи Николај Карпенков рече дека „брзо ќе се справи со непријателите на земјата”.
Лукашенко се одржува власта благодарение на руската дипломатска поддршка, која според западните дипломати, ја гледа Белорусија како своевидна тампон зона кон НАТО.
Белорусија граничи со Русија, Украина и членките на НАТО Литванија, Летонија и Полска.