Обука за пожарникари / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

ВИДЕО+ФОТО | Заврши дводневната обука – Македонија доби 364 лица за справување со шумските пожари

Тринаесет градови ќе добијат обучен кадар за справување со пожари- вели Петседателот на противпожарниот сојуз на Македонија Зоран Кочовски

Во рамки на националната стратегија за унапредување на капацитетите за заштита од пожари на отворено, во градовите ширум Македонија неделава се одржи обука на 364 кандидати за шумски пожарникари. Обуката во Скопје се реализираше во тренинг центарот „Коузон“ во ОХИС, под менторство на стручни инструктори, со практични вежби, теоретска настава и поддршка од Црвениот крст. „Слободен печат“ еден ден помина со „идните“ пожарникари.

Зоран Нешкоски кој е дипломиран инженер по заштита од пожари и експлозии, беше главен обучувач на 34-те кандидати од Скопје. Нешкоски за „Слободен печат“ вели дека иако обуката е кратка, сепак кандидатите ја добиле основата за справување со пожари.

„Обуката иако беше дводневна и кратка, сепак пријавените кандидати ја добија основата за следниот чекор, да бидат ставени во системот на Дирекцијата за заштита и спасување, за гаснење на пожарите на отворен простор, ќе можат директно и веднаш да се вклучат во идните следни тактички дејствија за гаснење на пожари на отворен простор“, изјави Нешкоски.

Обука за пожарникари / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Петседателот на противпожарниот сојуз на Македонија Зоран Кочовски смета дека оваа владина мерка е одлична, но сепак смета дека требало истата да биде спроведена некој месец порано како во екот на шумските пожари веќе би имале доброволци кои се обучени за користење на противпожарните апарати.

„Мерката е извонредна. Од она што можевме да го видиме од оваа обука, младоста преовладува кај кандидатите, и убеден сум дека сите тие ќе бидат идните борбени сили во противпожарната заштита. Мерката можеби требаше да се реализира неколку месеци порано, но сеуште не е доцна бидејќи гледаме во иднината, и гледаме оваа група на млади лица да ги мотивираме и да останат во оваа професија долги години“, рече Кочовски.

Обука за пожарникари / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Како што рече Кочовски, по завршувањето на обуката, кандидатите ќе продолжат со дополнителна обука во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување, а потоа ќе бидат распределени во 13 градови и по потреба ќе бидат ангажирани во битката со поголемите пожари.

Скопјанецот Јован Ѓорѓиевски е еден од кандидатите кој се пријавил за оваа владина мерка, а бил поттикнат од неговата животна желба – еден ден да биде професионален пожарникар.

„Секое знаење кое го добив од оваа обука е корисно и за мене и за тие околу, затоа што ќе знам како да изреагирам и помогнам во деликатна ситуација. Би сакал да бидам професионален пожарникар, затоа што адреналинот и чувството кое го имам да помогнам за друг е неописливо“, изјави Ѓорѓиевски.

Обука за пожарникари / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот