ВИДЕО+ФОТО | Мајли Сајрус ги ослободи брадавиците: провокативна насловна сесија за магазинот „Интервју“
Во 2007 година, додека сеуште беше тинејџерскиот лик Хана Монтана, Мајли за себе кажа „да, навистина сум рок ѕвезда“. Четиринаесет години подоцна го покажува тоа – со спонтано провокативна фотосесија за магазинот „Интервју“ и трибјут настап заедно со еден од бендовите кои ги сака – Металика за легендарната песна „Nothing Else Matters“.
За интервјуто за магазинот „Interview“ Мајли изведе необично провокативна фотосесија, на која се појави во неколку интересни аутфити од најголемите дизајнерски брендови на денешницата.
View this post on Instagram
Прашањето се јави: кој е најзабележителниот детал во фотосесијата? Разголените нозе со фокус околу меѓуножјето, или опасно големите вештачки брадавици поставени на нејзините гради?
View this post on Instagram
Фотосесијата содржеше неколку изгледи кои комбинираат хеланки од Миу Миу, чизми од Шанел, фустан од Кензо, топуци од Версаче, топ од Сен Лоран и потпетици од Лобутин, како и бројни парчиња од Гучи.
View this post on Instagram
Ларс Улрих, тапанарот на иконичниот бенд од 90-тите Металика се стави во улогата на новинар и ја интервјуираше Мајли Сајрус, со која се чини дека имаат новопронајдено пријателство.
View this post on Instagram
Во спонтаниот разговор објаснува како се чувствувала откако директно се впуштила во предизвикот да настапува пред многу луѓе по изминатите 18 месеци, и се споредува со настапот на Мерлин Монро пред трупите, и тоа како довела надеж во форма на сексуалност, убавина и радост.
View this post on Instagram
Неодамна Мајли настапуваше заедно со бендот на шоуто на Хауард Стерн, каде заедно ја изведоа песната „Nothing Else Matters“, а потоа снимија заедничка преработка заедно со Елтон Џон одбележувајќи 30 години од издавањето на „Црниот“ албум.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram