ВИДЕО+ФОТО | Ќерката на Денис Ричардс и Чарли Шин со вознемирувачко обвинение: Животот во куќата на мајка ѝ бил пекол

денис ричардс чарли шин
ФОТО: Инстаграм

Ќерката на поранешната актерска двојка Денис Ричардс и Чарли Шин, Сем Шин објави видео на „ТикТок“ во кое упати обвиненија против нејзината мајка и очувот Арон Фајперс.

Сем во објавеното видео, кое сега е приватно, вели дека животот со Денис и Арон бил пекол.

ФОТО: Принтскрин/ТикТок

„Пред една година: заглавена во насилен дом, се мразев себеси, не јадев и не спиев со денови, бев во депресија, го мразев училиштето“, вели Сем на почетокот на видеото.

ФОТО: Принтскрин/ТикТок

„Сега: се преселив од пеколната куќа, доживеав духовно будење, имам две мачки, слободна сум и среќна, се сакам себеси и се откажав од средно училиште“, додаде таа.

Се претпоставува дека Сем сега живее со Чарли Шин, иако тоа не е потврдено. Денис Ричардс сè уште не ги коментираше обвинувањата на нејзината ќерка, додека Чарли им се обрати на медиумите.

„Сем е неверојатна, ја сакам безусловно исто како и сите мои деца“, рече кратко Чарли Шин преку својот портпарол. Тој додаде дека се подготвуваат за „GED“ (General Educational Development/Општ образовен развој), односно тестови што учениците ги полагаат како алтернатива на американското средно училиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sami sheen 🦇 (@samisheen)

Чарли Шин беше во брак со Денис од 2002 до 2006 година. Извор близок до Денис за „DailyMail“, коментира дека актерката не е виновна за иселувањето на нејзината ќерка.

„Денис постави нормални правила што секој родител ќе ги постави. Таа е мајка и постојат правила. Сем не сакаше да ги следи. Чарли не го поддржува спроведување на правилата на Денис. Тој има поинаков пристап кон родителството и Сем одлучи да живее со него. Денис многу ја сака својата ќерка и таа е тажна поради оваа ситуација“, рекол изворот.

Откако видеото се прошири на интернет, Сем го избриша и објави ново.

@samisheen♬ Harness Your Hopes – B-side – Pavement

„Поради вас, оваа апликација повеќе не е безбедно место. Уморна сум и чувствувам дека ќе повратам. Не знаев дека има толку многу чудовишта зад екранот”, напиша Сем.

Видео на денот