ВИДЕОАНКЕТА: Што е поштетно, електронски цигари или обичен тутун ?
Електронски цигари, загреан тутун или класични цигари – дилемата сѐ почесто се отвора меѓу пушачите, а и меѓу непушачите – кои се изложени на чад во затворени простории. Иако новите производи се промовираат како „помалку штетни“, јавноста сѐ уште нема јасен став дали навистина постои побезбедна опција кога станува збор за никотин.
Препорачано
„Слободен печат“ ги праша граѓаните: дали сметаат дека електронските цигари се навистина помалку опасни, дали загреаниот тутун прави разлика во штетноста и каде треба да се повлече границата кога станува збор за пушење во јавни и во работни простори.
Кои се поштетни: електронските цигари или обичниот тутун?
„Електронските.“
Еден постар господин смета дека електронските цигари се поштетни поради хемиските состојки и вештачките ароми што можат негативно да влијаат врз организмот.
„Воопшто не ги поддржувам. Тоа е хемија повеќе од сѐ“, додава друг.
„Пушам и електронски и тутун. Ништо не е поздраво, ако ме прашуваш.“
Дали некогаш сте биле во ситуација некој да пуши електронски цигари во канцеларија, ресторан или во друго затворено место?
„Дури и во болница има такви што пушат, цигарата ја менуваат со електронската.“
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
13мин
-
26мин
-
33мин
-
41мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


