ВИДЕОАНКЕТА: По што би препознале дека некој е Македонец?
Има ли начин на прв поглед да препознаете кој е „Македонец“? „Слободен печат“ се упати во центарот на Скопје со една поинаква мисија – да ги насмее граѓаните и да им постави едно необично, но забавно прашање:
Препорачано
– Како се препознаваат сограѓаните меѓу себе и по што би препознале дека некој е Македонец?
Некои граѓани беа збунети од прашањето, велејќи дека не може веднаш да се препознае кој е Македонец и им требаше малку време да размислат. Но, по кратко размислување, почнаа да се редат искрени и забавни одговори.
– Различно некако се облекуваат луѓето. Се познава по начинот на кој се облекуваат, на кој зборуваат – рече еден млад скопјанец.
– Кога го слушнам од далеку, кога ќе почне да пцуе, веднаш знам дека е наш – додаде една млада девојка.
– Јас сум академски граѓанин. Луѓето не ги препознавам по личности, само по човечноста и по добрината, по друго – ништо. Не ме интересираат ни Македонци, ни Албанци, ни Срби. Само добри луѓе – одговори еден повозрасен господин.
Највеселиот одговор дојде од еден господин, кој низ смеа рече:
– Викаат, викаат многу. Уште, не дај Боже, ако е малку поднапиен, треба тампони да ставиш на уши – не можеш да ги разбереш – вели тој.


