ВИДЕОАНКЕТА | Дали купувате на „Блек фрајдеј“?

Последниот петок од ноември е резервиран за сите шопинг-зависници! „Блек фрајдеј“ е ден кој асоцира на шопинг и излози исполнети со најави за огромни попусти.

„Слободен печат“ ги праша граѓаните дали купуваат за „Блек фрајдеј“, што најчесто купуваат, дали сметаат дека попустите се реални и дали забележале измами во цените?

Според одговорите, голем дел од анкетираните не веруваат во попустите кои се наменети токму за овој ден.

– Не купувам од Македонија за „Блек фрајдеј“ затоа што не се реални попустите – вели една девојка.

Интересно е тоа што купувачите успеале да „ги фатат во лага“ брендовите кои продаваат производи по намалени цени.

– Во последниве години не купувам, но порано буквално сум одлепувала цени за да се уверам дека се навистина намалени – додаде таа.

Ги прашавме граѓаните и колку се финансиски одговорни, односно дали досега купиле некој производ само поради тоа што е на попуст, а не им треба, на што тие одговорија:

– Купувам секогаш она што ми треба, а водам сметка за цената да не е превисока – изјави еден господин.

– Да, секако дека сум купила – изјави една од анкетираните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот