ВИДЕОАНКЕТА | Дали имаме независно судство?

Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Застарени судски процеси, но и такви кои траат со години. „Слободен печат“ ги праша граѓаните колку му веруваат на судството во државава или дали имаме независно судство? Одговорите на граѓаните главно дека одамна немаме независно судство, а таа состојба се наследува од една на друга власт.

-Ништо нема од овој суд- вели скопјанец.

Одговорите слични уште на неколкумина анкетирани.

– Тука сум скоро триесет години и ги сфаќам работите поинаку- вели еден од нив.

На прашањето колку е ефикасно судството, мислењата се поделени.

-Не знам, педесет-педесет- вели еден господин.

Повеќето анкетирани сметаат дека има корупција во судството.

– Корупција има и тоа многу одамна- вели скопјанец.

Друг објаснува дека се e криминал.

-Тоа е тежок збор, не можам да кажам, но, дека постојат сериозни политички, економски, влијанија, да- вели еден од анкетираните.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погленете ја во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот