ВИДЕО: Жителите на Пржино револтирани на Општината поради „криминалистичкиот ДУП“

Вчеравечер повеќе граѓани од Пржино се судрија со инвеститорот на новата зграда која се гради во нивната улица. Тие на симболичен начин преку поставување на хоризонтална инсталација во вид на сообраќајна лента со испишани зборови за достоинство, се обиделе да му покажат на инвеститорот дека се против неговиот однос.

Проблемот, според жителите кои денеска ги сретнавме на улица Пржино е во тоа што адресата на објектот се наоѓа на соседната улица „Кара Трифун“. Но општината на инвеститорот му дозволила да си направи влез на другата улица. Жителите оваа одлука ја сметаат за нелегална.

-Новата зграда која во моментов се гради требаше да има пристап од горната улица, но инвеститорот го сруши ѕидот и се од тука влегуваат камиони. Проблемот е во тоа што ДУП-от е донесен на криминалистички начин. Оваа парцела е поделена на четири парцели, со цел да може да има дозвола за градење на повеќе станови, бидејќи знаеме дека на една парцела дозволено е да живеат најмногу 4 семејства, а зградата ќе има 16 станови. ДУП-от е променет во 2017 година, велат револтираните граѓани.

Тие додаваат дека во Пржино ова е шеста зграда во мандатот на градоначалникот Филип Темелковски.

-Кога беше кандидатурата потпиша изјава од О2 Коалиција во која што се обврза дека нема да се градат тука згради, дека ќе се ревидира ДУП-от, дека ќе се води сметка за зеленилото. Сето тоа беше една голема лага, потсетуваат жителите на Пржино.

Во продолжение следува разговор со неколкумина од жителите на Пржино кои се незадоволни што во нивното соседство се гради зграда:

Слободен печат и претходно го третираше проблемот на жителите на Пржино.

Багерите почнаа да работат додека жителите чекаа средба со градежниот инспектор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот