ВИДЕО | Жители на Чучер Сандево нашле запалени гуми: Некој пак сака да ги распали пожарите
Жители на скопските села во општината Чучер Сандево објавија снимки на кои се гледа како на ридовите околу селото Горњани во шумата се запалени гуми, што за нив е директен доказ дека пожарите кои им се закануваа на нивните куќи во изминатите два дена – се подметнати.
Препорачано
Претходно денеска и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави дека во појасите во кои пожарникарите и локалните жители се бореа со пожарите, пронајдени се палети полеани со бензин и запалени.
Жителите на селата од областа, кои со натчовечки напори вчера успеаја да ги одбранат куќите од огнената стихија, организираат ноќни стражи за да спречат подметнување нови пожари.
Во пожарите кои од неколку страни ги зафатија областите околу селата во општина Чучер Сандево во изминатите 36 часа, изгореа неколку куќи, како и ниви со жито и различни насади и неколку помошни објекти.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
51мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


