ВИДЕО: Жесток напад врз Харков, Русите стрелаат врз градот со сите оружја

Фото: илустрација/Твитер

Руските сили вечерва вршат силен напад со артилерија и воздушни ракетни удари врз вториот по големина град во Украина, Харков. Граѓаните преку социјалните мрежи известуваат дека целиот град е во мрак, додека од сите страни одекнуваат силни експлозии од повеќе видови оружја.

На социјалните мрежи се појавуваат снимки од вечерашното бомбардирање:

Еден од оние кои објавија снимки од нападот врз Харков е и поранешниот украински амбасадор во Виена, Олександар Шерба, Тој на Твитер објави видео на кое се гледа силината на рускиот напад врз градот со околу 1,4 милиони жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот