ВИДЕО | Земјотрес ја разниша Света Гора, монасите во страв излегоа надвор

Според информациите на Вориа, во Кареја се појавиле бројни пукнатини на старите згради, додека дел од лустер се одвоил во манастирот Есфигмен, кој е посветен на Успението на Богородица.

Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, кој се случи вечерва во 21:08 часот, на 11 километри северозападно од Кареја, на длабочина од 10,6 километри, предизвика голема вознемиреност и штета во конаците, скитовите и келиите на Света Гора во Грција, пренесе Н1.

Според информациите на Вориа, во Кареја се појавиле бројни пукнатини на старите згради, додека дел од лустер се одвоил во манастирот Есфигмен, кој е посветен на Успението на Богородица.

Во моментот на земјотресот во храмот се служела служба на Великиот канон, а и светогорските монаси и поклоници во страв излегле надвор.

Штети пријавуваат монаси во старите скитови и келии, додека поклониците велат дека земјотресот траел и дека на крајбрежните места бил проследен со татнеж. За јачината на татнежот сведочи и видео кое го објави Вориа, снимено со безбедносна камера во катизмата на Свети Трифон, која се наоѓа на 400 метри од заземениот манастир Есфигмен.

„Беше прилично силен земјотрес и почувствувавме дека потресот доаѓа одоздола нагоре. Траеше и нè исплаши. Лустерите се нишаа ваму-таму, а некои ситни предмети паднаа. Потоа следеа земјотреси со пократко траење и послаб интензитет. Генерално, владее вознемиреност“, изјавиле монасите за Вориа.

ФОТО | Монасите на Света Гора речиси 10 години не виделе вакво нешто

10 мудри поуки на монасите од Света Гора

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот