Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

ВИДЕО: Зеленски на Денот на бранителите вети победа над Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, на Денот на бранителите на Украина, вети дека вооружените сили на неговата земја ќе победат во војната со Русија и Украина ќе биде слободна, јавија дел од британските медиуми.

Преку видеообраќање, Зеленски им се заблагодари на украинските војници што ја бранат татковината.

Тој истакна дека сè што ѝ било одземено на Украина, ќе биде вратено и ниту еден војник нема да биде оставен во заробеништво.

– Се чини дека сегашниот непријател е колективна слика на сите непријатели на нашата државност, со кои сме се сретнале во минатото, нагласи Зеленски.

Според него, со победата над непријателот ќе им се даде одговор на сите кои упаднале на нивната земја.

– Тоа ќе биде победа за целиот наш народ. Тоа ќе биде победа за вооружените сили на Украина, подвлече Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот