Зеленски, фото: Принтскрин од видеообраќање

ВИДЕО | Зеленски: Додека во Женева течат разговори со посредство на САД, Русија „поздрави“ со напад

Во масовниот напад со кој Русите го започнаа денот беа истрелани 29 ракети од различни типови, од кои 25 беа соборени. Ова е важен резултат за нашата противвоздушна одбрана и уште еднаш нагласуваме дека противвоздушната одбрана е секојдневна неопходност, кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски во свое видеообраќање.

Тој им се се заблагодари на сите партнери „кои го разбираат тоа“, истовремено посочи дека Русија „поздравува“ со напад дури и на самиот ден кога со Украина во Женева започнаа нов формат разговори – трилатерални и билатерални со посредство на Соединетите Американски Држави.

„Ова многу јасно покажува што сака Русија и на што е навистина решена. Беа лансирани и речиси 400 дронови“, рече Зеленски.

Во објавата, тој нагласи дека подоцна ќе има извештај од делегацијата по првиот круг разговори во Женева.

„Тимот апсолутно мора да го покрене прашањето за овие напади – пред сè со американската страна, која предложи и Украина и Русија да се воздржат од напади. Украина е подготвена. Не ни треба војна. И секогаш постапуваме симетрично – бранејќи ја нашата држава и нашата независност“, објави Зеленски.

Русите и Украинците со посредство на Американците седнаа на преговарачка маса во Женева

Исто така, рече дека се подготвени за брзо да се придвижат кон „правичен договор за завршување на војната“ и воедно упати „единствено прашање за Русите“.

„Што сакаат тие? И, исто така, дали ќе има последици за Русија поради тоа што ‘шахеди’, ракети и фантастични приказни за историјата им значат повеќе од вистинска дипломатија и траен мир“, стои во објавата.

Претходно денес, Зеленски истакна дека до овој момент во земјата се вратени 2.000 украински деца кои Русија ги држела во заробеништво.

„Секое од овие враќања е овозможено благодарение на секојдневните напори на нашиот народ, организациите на граѓанското општество и нашите меѓународни партнери. Благодарни сме им на сите кои придонесоа во оваа борба за иднината на нашите деца, нашата земја и целиот слободен свет“, напиша денеска Зеленски на Икс.

Претседателот на Украина додаде дека патот до враќањето на сите деца е долг и тежок.

„Илјадници украински деца и понатаму се во заробеништво на Русија и секојдневно стануваат жртви на нејзините злосторства“, додаде Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот