Снежен карамбол во Јапонија / Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Застрашувачки снежен карамбол во Јапонија – десетици коли една над друга, има загинати

На автопатот Канецу во Јапонија вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа повеќе од 50 автомобили и камиони, а дел од возилата беа нагмечени едни врз други. Како што објавуваат медиумите, повредени се 26 луѓе, од кои пет се во тешка состојба, а еден човек го загубил животот.

Видеата објавени на социјалните мрежи прикажуваат силна експлозија по судирот и голем пожар, при што неколку возила биле зафатени од пламен, а густ чад се издигал над автопатот.

Според првичните информации, врнежите од снег во овој дел на Јапонија значително го отежнале сообраќајот и придонеле за зголемениот ризик од судири. Дел од автопатот бил привремено затворен, а на местото на несреќата интервенирале противпожарни и медицински екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот