ВИДЕО | Заслужено најдобар: „MrBeast“ им помогна на 1.000 глуви луѓе да слушнат за првпат
Американскиот јутјубер Џими Доналдсон, кој моментално има најголем број претплатници на неговиот канал „MrBeast“, е познат по неговите добротворни акции.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Јутјуберот неодамна го најави своето ново видео, за кое вети дека ќе биде „најдоброто досега“. Според реакциите на неговите обожаватели – тоа е, дефитивно, така.
Имено, тој го прикажа неговиот нов хуманитарен проект, за кој изјави дека биле потребни повеќе од шест месеци за да го измонтираат и дека со ова видео „ќе го промени Јутјуб“.

Само неколку месеци откако им помогна на 1.000 слепи луѓе повторно да прогледаат, тој сега им помогна на 1.000 луѓе да слушнат за првпат со помош на слушни помагала.
На видеото се прикажани емотивните моменти на глувите луѓе, а и самиот „MrBeast“ бил совладан од емоциите и во еден момент заплакал.
Јутјуберот во шестминутното видео објасни дека тој и неговиот тим потрошиле три милиони долари за да се здобијат со најнова технологија за да им помогнат на глувите луѓе, кои имаат различно потекло и им припаѓаат на различни возрасни групи.


