ВИДЕО | Залутана овца во подземниот паркинг на ГТЦ

Залутана овца во ГТЦ
Залутана овца во подземниот паркинг на ГТЦ / Фото: Скриншот, Фејсбук

Вчеравечер беше објавена снимка во групата „Миленичиња“ на социјалната мрежа Фејсбук, на која може да се забележи залутана овца во подземниот паркинг на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.

„Ве молам, кој може да интервенира? Пријавив и во полиција, но сѐ уште нема ништо. Овца во ГТЦ“, напиша Ева Серафимова, членка на групата „Миленичиња“.

Членовите на групата реагираат дека надлежните треба да преземат итна акција за да го ослободат залутаното и, очигледно, исплашено животно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот