ВИДЕО: За само 3 часа повеќе од 200.000 прегледи, Хајди Клум се спрема за Ноќта на вештерките

Фото: Профимедиа

Секоја година германската манекенка го остава светот без здив со своите необични маски, а сега сите со нетрпение очекуваат кој ќе биде нејзиниот избор на маска за оваа година.

Фото:Профимедиа

Кога станува збор за светските sвезди, без сомнение – манекенката Хајди Клум секогаш е во центарот на вниманието за Ноќта на вештерките.

Фото: Профимедиа

Познатата убавица многу сака да се маскира, а притоа е супер креативна. Досега ја гледавме како чудовиште, Фиона од „Шрек“, Клеопатра, Мајкл Џексон, Џесика Ребит, приказ на човечки мускули, постара дама со бастум … Секоја година таа прва открива детали при создавањето на нејзините комплексни маски на социјалните мрежи и го најавува костумот пред официјално да го видиме, така што и оваа 2020 година не е исклучок.

Фото: Профимедиа

Клум сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како лежи на подот од гаражата додека три лица со заштитни маски работат на нејзиниот нов костум и напиша:

– Добро луѓе, почнуваме!
Во што ќе се маскира Хајди овојпат останува да видиме…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот