ВИДЕО | Вучиќ избувна откако новинар го праша дали министерот за култура ќе поднесе оставка: „Невоспитани едни, ако родителите не ве научиле на ред, јас ќе ве научам!“
Српскиот претседател Александар Вучиќ го изгуби трпението откако новинар го праша дали српскиот министер за култура, Никола Селаковиќ, ќе поднесе оставка, и почна да се заканува дека „ќе ги научи новинарите на ред штом не ги научиле нивните родители“, објави „Нова“.
Препорачано
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска зборуваше за повлекувањето на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, од проектот „Генералштаб“. Во тој контекст се осврна и на обвинителниот предлог против министерот за култура Никола Селаковиќ, поднесен поради сомневања дека вршел притисок врз вработените во Заводот за заштита на споменици со цел да се укине заштитата на објектот.
„Ова е срамно и бедно обвинение, одвратна манипулација“
Претседателот особено го изнервира прашањето на новинар дали Селаковиќ треба да поднесе оставка или дали премиерот Ѓуро Мацут треба да го побара тоа.
— Што се однесува до мене, тој обвинителен предлог е срамен, беден и одвратна политичка манипулација. Секако, надлежните органи ќе одлучуваат за тоа, а и јас сум некаков надлежен орган, па можеби ќе носам одредени одлуки. И веднаш да ви кажам, јас сакам да одговарам за тоа. Не министерот Селаковиќ, не госпоѓата Јелача, не ни ги знам имињата на другите лица. Овие двајца ми се познати, другите не ги познавам, искрено. Значи, јас сакам да одговарам, не одете по нив. Јас сум виновен, јас сакав да дојде толку голема инвестиција во нашата земја — рече Вучиќ.
Ja: I NE MOŽETE DA ME IZNERVIRATE
Isto ja: pic.twitter.com/NRa7lgeK9K
— Суки (@doktorzakrave) December 16, 2025
Тој додаде дека, во тој случај, со нетрпение го очекува поднесувањето обвинителен предлог против себе, односно против Александар Вучиќ како претседател на Републиката и истакна дека во истата секунда ќе ги помилува сите други против кои евентуално би била подигната обвинителна постапка.
„Невоспитани, мајка ви и татко ви не ве научиле на ред!“
Претседателот видливо се изнервира и од дофрлањата од публиката, по што реагираше.
— Немојте да дофрлате, ве молам. Не знам ни што е тоа „симнување потпис“, но можам само да ве замолам, немојте да ми дофрлате. Тоа што сте непристојни, тоа што сте невоспитани, тоа што мајка ви и татко ви не ве научиле на елементарен ред, тоа е ваш проблем. А јас ќе ве научам. Ќе добиете одговор и на вашите дофрлања. Ќе ве научам на ред, кога веќе родителите не ве научиле. Срам да ви е. И не умеете да молчите додека претседателот на Републиката одговара на прашање. И не можете да ме изнервирате — рече Вучиќ.
Јас сум виновен за сè, рече српскиот претседател, немам поим за какви потписи зборувате, јас сум виновен за сè. И јас ќе одговарам, додаде тој, и јас ќе одговарам.
— Зошто ги нервирате луѓето? Јас сум одговорен, јас ќе одговарам. А вие одговор на вашето прашање никогаш нема да добиете, тоа се носи од дома. И вистинљубивоста исто така бидејќи сте докажани лажговци, и така ќе биде секогаш — рече Вучиќ видно потресен од прашањето.


