ВИДЕО| Вучиќ за Си-Ен-Ен: Вакцинацијата не е геополитичко прашање, туку спасување животи

Вучиќ истакна дека сите вакцини биле одобрени од надлежните агенции.

За нас вакцинацијата не беше геополитичко прашање, за нас беше прашање на спасување човечки животи, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен.

– Ние се подготвивме на најдобар начин. Инвестиравме многу во дигитализацијата на Србија. Денес можете да видите на Белградскиот саем колку е организирана вакцинацијата. Ова значи дека нашиот софтвер е меѓу најдобрите во светот и јас сум длабоко горд што бевме успешни во тоа. Што се однесува до набавката на вакцините, ние ги набавивме од сите делови на светот. Сега можете во Србија да добиете американски, британски, руски и кинески вакцини во Србија. Можете да изберете било која. Нашата работа беше да добиеме што повеќе вакцини. Нашите агенции мораа да ги одобрат тие вакцини и тие го сторија тоа и ние започнавме со вакцинирање. Јас сум многу горд и мислам дека е добро и за регионот. Луѓето почнаа да доаѓаат во Србија не само од Западен Балкан. Не ни пречи. Сметаме дека секој треба да ги прими двете дози на вакцината и да се спаси. Невозможно е да се оддели Србија од регионот – нагласи Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот