ВИДЕО | Возачи блокираа автопат за да спасат чивава која преплашена бегала од питбул

Возачи блокираа автопат за да спасат чивава која се исплашила од питбул / Фото твитер

Снимки од безбедносни камери покажаа возачи кои се обидуваат да насочат куче кон излезот на автопатот Стејтен Ајленд во Њујорк.

Неколку автомобили ја намалија брзината за да го насочат кучето на една страна, пред еден возач да излезе од неговото возило и да се обиде да го фати. Локалните медиуми јавуваат дека чивавата Бин побегнала откако се исплашила од питбул.

Кучето сега е безбедно и повторно е споено со своите сопственици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот