ВИДЕО | Во сеќавање на кралицата Елизабета Втора: Уште една неверојатна трансформација на Стефан Суботиќ

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Суботиќ е волшебник за трансформации. Својот талент го открил пред повеќе од 10 години. Со години шминкал жени за свадби, девојки за матурски вечери и други свечени прилики.


Стефан Суботиќ е познат мејк – ап артист од Србија, но и надвор од границите на неговата земја. Покрај тоа што Стефан ја истакнува природната убавина на секоја негова клиентка тој е познат и по неговите трансформации како драг – кралица експериментирајќи со најразлични комбинации на облека, високи потпетици, шминка и перики.


По маестралните трансформации на Суботиќ во Јосипа Лисац, Рушка Јакиќ, Северина, Јелена Карлеуша, Ева Рас, Анџелина Џоли, Лепа Брена, Аца Лукас и многу други ѕвезди шминкерот неодамна не изненади со уште една неверојатна трансформација.


Во сеќавање на најдолговечниот британски монарх Стефан се трансформираше во кралицата Елизабета Втора. Трансформацијата е неверојатна, а Стефан уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите мејк-ап артисти на Балканот.

Видео на денот