ВИДЕО: Во новиот филм Ковид-19 мутира, а Америка е затворена до 2024 година

Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Songbird“ е називот на претстојниот филм кој ќе се занимава со пандемијата на коронавирусот. Ќе го продуцира неповторливиот Мајкл Беј, авторот на филмовите „Лоши момчиња“, „Армагедон“, „Трансформери“.

„Songbird“ ќе го истражува моментот на светска катастрофа и во него ќе преовладува животот во карантин кој би траел во наредните неколку години – поточно до 2024 година, кога се одвива и самиот филм. Дали следните четири ќе и го направат ова на Америка?

Трејлерот прикажува тмурна слика на блиската иднина. Звучи како дистопијски времеплов за кој никој во моментот не сака да размислува, пишува Futurism.

Бројот на мртви достигнува 110 милиони, а го предизвикал мутираниот ковид со висока стапка на смртност. И да, ова е остварување кое филмската индустрија сака да го гледате.

Тоа што никој нема да го изненади е тоа што во средината на оваа тема постои и љубовна приказна.
– Како Ромео и Јулија, само што се одвоени со влезни врати и вирусот, изјави за EW еден од режисерите, Адам Мејсон, а вториот режисер е Сајмон Бојс.

Според соопштението за медиумите, протагонист во приказната е еден работник кој стекнал редок имунитет, кој го игра тинејџерскиот срцекршач Кеј Џеј Апа од „Riverdale“.

Продукцијата беше започната на 8 јули оваа година во Лос Анџелес, а филмот е снимен за само 17 дена.

Се поставува едно важно прашање: За кого е направен овој филм?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот