ВИДЕО: Во Англија се урна авион на британската морнарица, нема загинати

Авион на британската морнарица се урна денеска во југозападниот дел на Англија, во Корнвол. Двајцата пилоти успеале да се катапултираат, јави Би Би Си. Локалната полиција соопшти дека две лица се повредени во инцидентот, но не се во животна опасност.

Според извештајот на Министерството за одбрана, двајца членови на екипажот успеале да се катапултираат пред уривањето.

Полициската станица Девон и Корнвол соопшти на Твитер дека полицајците реагирале на несреќата поради откажување на моторот и дека две лица се здобиле со повреди кои не се опасни по живот.

Воен извор за Скај Њуз потврди дека авион Хок Т1 се урнал во регионот Корнвол. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот