Фото: EPA/Manuel Bruque

ВИДЕО | Виљареал со „петарда“ го потврди своето место во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Виљареал денеска убедливо со конечен резултат 5:1 славеа против екипата на Леванте во рамките од 34 коло во Ла Лига.

Со оваа „петарда“, „Жолтата подморница“ математички обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона.

По првото полувреме домаќините водеа со голот на Микаутадзе во 38 минута, гостите израмнија во 51 минута преку Еспи.

Тимот на Марселино се врати во водство со погодокот на Молеиро во 62 минута, за 3:1 се погрижи Микаутадзе со својот втор гол на мечот во 68 минута.

Бјукенен се запиша во листата на стрелците во 87 минута, а конечниот епилог го постави Пепе во 90 минута.

Виљареал е трет на табелата со 68 бодови во најсилното шпанско првенство, додека Леванте е претпоследен со 33 бода, три помалку од Алавес кој е засега во безбедната зона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот