Виктор Вембањама/San Antonio Spurs

ВИДЕО: Вембањама шутираше како Кари, Сан Антонио славеше над Јута

Само неколку часа откако беше потврдено дека ќе биде стартер на претстојниот „Ол стар“ натпревар, кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, одигра уште една импресивен натпревар во дуелот против Јута џез.

Спарс триумфираа со 123-110 и ја сочуваа втората позиција на Западната конференција, а младиот Французин беше првата ѕвезда на натпреварот. Нетипично за играч на центарската позиција, Вембањама имаше извонредна шутерска вечер, погодувајќи седум тројки од 12 обиди, за вкупно 33 поени и 10 скока.

Сан Антонио уште еднаш ја потврди доминацијата против послаборангираните екипи и стигна до јубилејната 30. победа во сезоната, остварена во 43. одигран натпревар. Јута во еден момент успеа да се доближи откако надомести негатива од 23 поени, но тоа не беше доволно за да ја доведе во прашање победата на домашниот состав.

Покрај Вембањама, значаен придонес дадоа Кеси со 18 поени и осум асистенции, како и Дилан Харпер со 15 поени. Во редовите на Јута, која настапи без својот најдобар играч Лаури Марканен, најефикасен беше Кијонте Џорџ со 30 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Голден Стејт – Мајами 135-112
Детроит – Бостон 104-103
Бруклин – Феникс 117-126
Филаделфија – Индијана 113-104
Њујорк – Далас 97-114
Сан Антонио – Јута 123-110
Вашингтон – ЛА Клиперс 106-110
Кливленд – Оклахома 104-136
Атланта – Милвоки 110-112

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот