ВИДЕО | Василевска: Иновативни решенија за подобрување на еколошката одржливост на урбаните заедници

Конкурсот беше интернационален. Со колешките се заознавме преку мастерс студиите за урбана архитектура и зелени градови и бидејќи сите имаме различна позадина, решивме да се пријавиме и да понудиме иновативно решение, а со самото тоа да го искористиме знаењето стекнато од Универзитетот во Франција. Самиот натпревар е поделен на три локации – ние ја одбравме локацијата во Париз, бидејќи нашата идеја беше да понудиме диверзификација на видови на растенија, бидејќи самата населба е со голем етнички диверзитет, па сакавме преку иновативни решенија да понудиме носење на нивната култура и исхрана во самиот центар на Париз, изјави во „Утрински брифинг“ Михаела Василевска, архитект.

– Самиот натпревар беше со цел да се промовира ваквиот начин на развивање на урбаната агрикултура во центарот на градовите и беше позитивно прифатено. Функцијата на вертикалните градини е да се надомести хоризонталниот простор и мислам дека одлично би било тоа да се направи и во Скопје. Позитивната страна кај вертикалното градинарство е што не се користи земја. Постои техника каде што со контролирано користење на вода и хранливи материја се опрашуваат растенијата. Со тоа статиката не бара големи промени – вели Василевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот