ВИДЕО | „Вагнеровци“ најавија одмазда: Веќе заминуваме, чекајте нѐ!

Фото Икс

Русите тврдат дека шефот на руските платеници „Вагнер“, Евгениј Пригожин загинал синоќа во приватен авион во близина на Москва, точно два месеци по неговиот неуспешен бунт против руското воено раководство.

Каналот „Греј зона“ на Телеграм, кој е поврзан со платеничката војска на Пригожин, „Вагнер“, тврди дека авионот бил соборен намерно. Дека Пригожин е убиен беше објавено и на каналот Телеграм поврзан со Вагнер.

„Но и во пеколот ќе биде најдобар. Слава на Русија!“ се додава на мрежата што Пригожин обично ја користел за споделување видеа.

По неговата смрт, се поставува прашањето што понатаму ќе прави „Вагнер“. „Се чини дека одат кон одмазда“, пишуваат утрово корисници на социјалните мрежи. На каналите на Телеграм и социјалните мрежи е објавено видео во кое „вагнеровците“ ја најавуваат одмаздата.

„Многу се зборува за тоа што ќе направи Вагнер во оваа ситуација. Ќе кажеме едно. Веќе сме на пат. Чекајте нѐ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот