ВИДЕО: Утрински брифинг на местото на несреќата во Бугарија

Пред болницата во Бугарија
Пред болницата во Бугарија / Утрински брифинг, Слободен печат

Прво дојдовме до автопатот, но во тој момент полицијата од двете страни го блокираше автопатот. Не можевме да пристапиме до самото место. Во тој момент ги вадеа телата и логично беше да не не пуштат, изјави новинарката на Утрински брифинг Кристина Атовска.

Кристина Атовска
Кристина Атовска, репортер / Утрински брифинг

-Банкината што неприродно е на средина, можеби од далеку и со голема брзина не можете да видите дека е банкина, додаде Атовска.

Тоа еден дел од автопатот кој најмногу го зборуваат и бугарските медиуми и бугарите кои патуваат по тој пат и за нив е еден од најнебезбедните патишта во цела Бугарија.

-Кога пристигнавме пред болницата имаше група на роднини и на загинати и на повредени. На тие луѓе никој не им даваше никаква информација. Дури и повикаа нивни пријатели од Бугарија за да им помогнат во комуникацијата со службите. Од македонската амбасада ништо не знаеа што да им кажат. Бугарската обвинителка, заедно со обвинителите Вилма Русковска и Љубомир Јовевски заедно влегоа да ги посетат и по излегување не кажаа ништо што добиле како информација од разговорот со повредените, бидејќи како што велат може да ја нарушат истрагата, вели Атовска.

Проследете го целиот разговор во видеото заедно со видеата од лице место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот