Фото: Фејсбук / скриншот

ВИДЕО: Улични кучиња им се пуштаат на луѓе на Кејот на Вардар, алармира скопјанка

Скопјанката Ирина Нелковска на „Фејсбук“ објави снимка на која се гледа како четири или пет улични кучиња ја бркаат додека вози велосипед наутро на Кејот на Вардар. Таа вели дека кучињата на тоа место им се пуштаат на велосипедистите, како и на луѓето кои возат електрични тротинети или трчаат на кејот.

Нелковска вели дека инцидентот се случил утринава околу 7 часот, кога таа одела на работа и се движела со велосипед на патеката под болницата „Систина“. На неколкуте кучиња тогаш од пешачката патека почнале да се приклучуваат нови и нови кучиња, вели Неловска.

„Останав смирена, очекував дека ќе се откажат и ќе ја поминам трасата. Не ме исплашија, тоа за мене беше очекувано. Ситуацијата стана опасна кога од пешачката патека почнаа да се приклучуваат нови и нови. Можеби беа околу 20 ако не и повеќе. Почнаа агресивно да се пуштаат, веќе не беше безбедно“, пишува таа во објавата на Фејсбук, повикувајќи ги надлежните да сторат нешто во врска со безбедноста на кејот.

Возач на автобус тајно влегувал и правел скици од воени објекти во тетовската касарна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот