ВИДЕО | УЕФА стави крај на дилемата: Познато зошто голот на Де Брујн не беше поништен

Фото: Screenshot

Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа 1:1 во вчерашното полуфинале во Мадрид, а бурни реакции во јавноста предизвика голот на Кевин Де Брујн.

Непосредно пред голот на Белгиецот топката го напушти теренот, но судиите не реагираа, играта продолжи и Де Брујн ја погоди мрежата на Куртоа. Од Европската куќа на фудбалот за „Еуроспорт“ објасниле зошто ВАР не можел да реагира.

Според правилата на УЕФА, голот на Де Брујн се постигнал од друга акција затоа што Камвинга ја врати топката во посед на „кралевите“ откако топката го напуштила теренот. Тоа се смета за друга акција која претходела на онаа од која е постигнат голот, а ВАР не може да се користи за акции пред постигнувањето на голот.

„ВАР не реагираше затоа што топката беше во посед на Реал по излегувањето од теренот. Со тоа се случи промена на поседот и започна нова акција. Се работи за грешка на помошникот  кој не досуди аут, ВАР не можеше да се вклучи“, објави „Еуроспорт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот