ВИДЕО: Убава асистенција на Чурлинов во дебито за Шалке

Дарко Чурлинов беше стартер за Шалке, но беше „виновникот“ за поразот од Минхен 1860/Фото: twitter.com/s04/FC Schalke 04

Денеска во рамките од четвртото коло во втората Бундеслига составот на Шалке загуби на гостувањето кај Регенсбург со 4:1.

За Шалке дебитираше Дарко Чурлинов кој доби шанса од клупата и истата ја искористи на крајот запишувајќи една асистенција.

Потсетување дека македонскиот репрезентативец Чурлинов оваа сезона ќе игра на позајмица во Шалке од редовите на Штутгарт.

Нашиот играч настапи од 62 минута, а при негатива од 3:0 убаво му асистираше на Тероде кој од непосредна близина ја затресе противничката мрежа.

Ова е секако оставање на добар впечаток од Чурлинов пред грчкиот тренер Грамоцис кој можеби ќе му даде шанса на Македонецот да настапи веќе како стартер на следниот лигашки меч за седум дена дома против Дизелдорф.

После четири кола Шалке кој во минатото го гледавме како редовен учесник во најсилната Бундеслигата, сезонава после четири кола не започна најдобро на патот кон враќање во елитата. Има два порази, едно реми и една победа со четири освоени бодови на 12 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот