ВИДЕО: Турски молер жонглира со канти за боја наместо топка, стана хит на интернет

35-годишен молер од турскиот град Урфа стана хит на ТикТок, откако објави видеа на кои го прикажува својот необичен талент – тој, слично како со фудбалска топка, жонглира со празни пластични канти за боја.

Али Тургут, кој е поранешен фудбалер-аматер, вели дека на шега започнал да игра со кантите, откако станал молер кога му пропаднала фудбалската кариера.

„Играв две години, а потоа имавме несогласување со тренерот. Мајка ми се разболе и сакав да се вратам во Урфа, но тренерот ми рече дека им требам и дека не треба да одам. Јас сепак отидов и кога се вратив, тој ми кажа дека нема да играм за тимот, па целосно се откажав од фудбалот,“ раскажува Али Тургут за неговата куса фудбалска кариера.

Дури откако станал познат по своите трикови со кантите за боја, му се јавила екипа од Швајцарија, заинтересирана за неговите услуги.

„Ме прашаа за моите години, а јас им одговорив дека имам 35. Тие одговорија дека мислеле оти сум во дваесеттите, па да бев помлад, би ме зеле во нивните редови“, вели Али.

Тој е познат како Марадона63 на ТикТок и Инстаграм, каде има голема база од фанови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот