ВИДЕО: Тунелот во „Идризово“ е долг 40 метри, затворениците спровеле и струја

Фото: МВР/принтскрин

Откако МВР попладнево соопшти дека во координација со Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е спречено организирано бегство од затворот „Идризово“, попладнево се објавени и снимки од тунелот долг 60 метри, кој го ископале затворениците.

Во тунелот било дури спроведено и светло, со ламби и продолжни кабли за струја.

Претходно, МВР соопшти дека добило криминалистички сознанија дека група од најмалку осуммина осуденици кои издржуваат казна затвор во КПД „Идризово“, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор, подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел.

Управата за извршување санкции извршила проверки на местото кое било посочено како потенцијален тунел, при што навистина е откриен ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда зад која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот.

Тунелот е ископан на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри и бил соодветно обезбеден со попречни греди и тули.

Во тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица, која им служела за осветлување на тунелот, соопшти Управата.

По информацијата за откриениот тунел за бегство од „Идризово“, Владата попладнево на седница го разреши директорот на затворот, Шпенд Тахири, и на негово место го назначи полицискиот генерал-мајор Зоран Јовановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:

По неколкуте скандали, Владата го разреши директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири

Алтернатива: Круна на успехот на директорот на „Идризово“ Тахири е откривањето на тунелот, МВР да не се кити со туѓи пердуви

„Како дознаа затворениците дека сме ги откриле?“ – прашува разрешениот директор на „Идризово“, Тахири

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот