ВИДЕО | Трајковска: Ова забрзување на инфлацијата секако ќе ни изеде една цела плата колкава и да била

Оливера Трајковска
Оливера Трајковска/Фото: Слободен печат

Оливера Трајковска, легендата на македонското ток шоу новинарство го коментираше вчерашното интервју во министерот Фатмир Бесими и економските прилики во државата во услови на економска, финансиска и енергетска криза.

– Мојот впечаток е дека Фатмир Бесими се обидува да внесе малку помодерен третман на фискалните инструменти со кои може да оперира едно Министерството за финансии. Не знам дали има екипа за таков пробив. Веројатно за некој друг тип на политики, всушност купувате пари во околностите во кои е Македонија. Сакам да кажам дека друг тип на размислување можеби ги носи и другите можности. Што се однесува до предизивикот што треба да прават, мислам дека министерот не е строг како Никола Поповски или Тевдовски, но дека тоа на потивок начин знае да го оддржи во рамките на можното во Министерството, без да биде првиот кавгаџија, додава Трајковска.

Како чуден и неразумен потег на владата таа го оцени покачувањето на минималната плата во услови на светска економска криза и пораст на инфлацијата во земјата.

– Секако дека државата ќе троши. Веројатно во догледен период ќе треба ги видиме анализите. Ние стоиме полошо од скоро сите во регионот во однос на резултатите што ги покажавме во првиот квартал околу инфлацијата. Можеби треба да ги видиме споредбите во тоа истурање на многу пари, зошто почетната каписла за инфлацијата лежи во политиките кои беа во ударот на ковидот. Ние за првиот квартал стоиме најлошо во однос на соседството. Не знам колку можат да помогнат овие мерки на страната на потрошувачките. Сега ќе разговараме во повисоки бројки за истиот проблем. Нас ако ни остане инфлацијата во ова темпо секако ќе ни изеде една плата без разлика дали таа била 25.000, 30.000 денари или претходно помалку секако инфлацијата ќе ни ја изеде и таа мала сума за која се бориме. Останувам на ставот дека мене потполно неразумно и политички чудно, како безмалку како да ќе одат на предвремени избори, толку лесно, толку брзо ја завршија постапката за минималната плата и таа ја отвори Пандорината кутија и ќе видиме како ќе изгледа целата година, вели Трајковска.

Новинарката Трајковска во гостувањето на Утрински брифинг се осврна на политиките на главните ривали на македонската политичка сцена Ковачевски и Мицкоски, актуелните случувања во Собранието и испадите на претседателот Талат Џафери поради што опозицијата побара интерпелација, како и на идејата за предвремени избори која ја турка опозицијата по победата на локалните избори минатата година.

Целата анализа погледнете ја во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот