ВИДЕО | Трајковска од Стопанска комора: Не зборуваме за принудно вакцинирање, туку задолжително тестирање

Анета Трајковска, Стопанска комора
Анета Трајковска, Стопанска комора / Утрински брифинг

На пандемијата од корона вирусот никако не и се наѕира крајот. Расте бројот на новозаразени лица, а се најавува и нов посилен бран престојниот период. Постојаното мутирање на ковид-19 и лесната преносливост дополнително ја отежнува состојбата.

Вакцинацијата за сега претставува единствен начин за справување со ова заболување во насока на намалување на бројот на тешки и смртни случаи и постигнувањето колективен имунитет.

Сепак интересот за вакцинација меѓу населението во земјава е многу мал па според тоа колективен имунитет нема да имаме во догледно време.

Во таа насока Комисијата за заразни болести вчера донесе предлог мерки кои се однесуваат на невакцинираната популација односно на вработените во јавниот сектор и здравствените работници. Предлог-мерките ги достави до Владата која треба да го има последниот збор.

Со овие предложени мерки доколу се донесат на Влада, вработените ќе мора да поседуваат сертификат за примени две дози, потврда за прележан вирус или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Министерот за здравство Венко Филипче го повика и приватниот сектор да ја поддржи ваквата одлука.

Дека вакцинацијата треба да биде затолжителна и во приватниот сектор поддршка стигна од Стопанската комора на РСМ. На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со потпретседателката на Стопанска Комора, Анета Трајковска.

-Секоја иницијатива ја темелиме врз сериозни анализи со членството. Минатиот месец сериозно се дискутираше како да се зголеми процентот на вакцинација и да обезбедиме континуитет во работењето на компаниите, вели Трајковска.

Таа додава дека голем дел од компаниите веќе на сопствена сметка ги тестираат вработените, со цел да се спречи ширењето помеѓу вработените и да се обезбеди континуитет и непречено одвивање на нивните деловни процеси.

-Не зборуваме за принудно вакцинирање, туку задолжително тестирање. Тоа не е противзаконски доколку некој сака да го заштити здравјето на останатиот дел од вработените. Зборувамеме за нешто што веќе во региониот па и во ЕУ се третира како право за заштита на работа, додава Трајковска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот