ВИДЕО | Трајчевски, директор на АД ГТЦ: Во нашите објекти не се краде струја

Ѓоко Трајчевски, директор на АД ГТЦ / Утрински брифинг
Ѓоко Трајчевски, директор на АД ГТЦ / Утрински брифинг

АД ГТЦ СКОПЈЕ е во мнозинска сопственост на државата, а извршниот директор го именува Владата. ГТЦ поседува над 500 локали, од кои дел се во сопственост на ГТЦ, а дел се приватизирани.

Гледано во проценти, деловен простор кој е приватизиран е помеѓу 65 – 70 отсто. Во однос на процентот на акциите, 97 отсто се во сопственост на ГТЦ. Приватизацијата на просториите во објектот е почната во 1996 година па наваму.

– Магацините се мал дел во сопственост на ГТЦ, а останатите се продадени. Во конкретниот случај магацинот за кој се изрази сомневање за копање крипто валути е во сопственост на ГТЦ. Просторот е изнајмен согласно сите сите процедури и се врши редовна исплата на наемнината. Ние немаме право да контролираме што се случува во магацинските простории, вели за Утрински брифинг директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.

-Морам подетално да објаснам постојат три начини на мерење на потрошувачката на електрична енергија, директно, полудиректно и индиректно. Директоно се мери 85 проценти со стандардните апарати. Останатото е за оние корисници кои имаат потреба од повлекување дополнително количество електрична енергија. Тие имаат посебни саати кои го мерат протокот и потрошената енергија. До ГТЦ стигаат две фактури, едната од нив е за испорачана електрична енергија. Договорот со ЕВН е врз основа на јавна набавка, појаснува Трајчевски.

– Одговорно тврдам дека во нашиот објект нема крадење струја. Познавачите на делот во енергетика знаат дека фактор триесет се односува на поголемите потрошувачи и кај нив цената поради поголемата потрошувачка се наплака за 30 проценти поскапо за дополнителната услуга и тука настанува забуната, вели Трајчевски.

Тој додава дека непријатно е што во медиумите се шпекулира и се пласираат невистини за ГТЦ, оти сѐ е регулирано, рече за УБ директорот на ГТЦ АД Скопје, Ѓоко Трајчевски.

Проследетете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот