ВИДЕО | Трагедија во Италија: Се откорна глечер удри во планинари, шестмина загинаа

Најмалку шест планинари загинаа во лавина на италијанските Алпи/Фото: Скриншот

Најмалку шест лица загинаа кога големо парче алпски глечер се отцепи од врвот Мармоладо во источните Доломити, се лизна надолу по планината и удри повеќе од 10 планинари, објавија денеска локалните медиуми, цитирајќи Ројтерс.

– Спасувачките операции се во тек по голема ледена лавина која ги зафати планинарите – соопшти владата на провинцијата Тренто.

Алпскиот национален спасувачки корпус објави на Твитер дека најмалку пет хеликоптери и кучиња спасувачи се вклучени во потрагата по повредените планинари, пренесува агенцијата АП, повикувајќи се на телевизија РАИ.

Диспечерите за итни случаи во североисточна Италија објавија на Твитер дека се верува дека околу 15 планинари се во погодената област.

Повредените, меѓу кои и едно лице во критична состојба, се префрлени во неколку болници во регионите Трентино-Алто Адиџе и Венето, соопштија спасувачките служби.

Мармолада, која се издига на околу 3.300 метри надморска височина, е највисокиот врв во источните Доломити, а според Алпската спасувачка служба, одвојувањето на глечерот се случило на патеката што ја користеле планинарите за да се искачат до врвот на планината, објави АП.

– Не е утврдено што го предизвикало одвојувањето на парчињата мраз, но се сомневаме дека тоа можело да се случи поради силниот топлотен бран што ја зафати Италија на крајот на јуни – изјави Валтер Милан, портпарол на алпската спасувачка служба за РАИ, пренесува американската агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот