ВИДЕО: Торнадо остави пустош во Тексас, Оклахома и Арканзас, најмалку 11 загинати, меѓу нив и две деца

Торнадо го погоди и Тексас/Фото: EPA-EFE/Adam Davis

Најмалку 11 лица загинаа, а многу се повредени во торнадото што ги погоди американските сојузни држави Тексас, Оклахома и Арканзас.

Шерифот на округот Кук во Тексас, Реј Сапингтон, изјавил дека најмалку седум лица загинале во тој округ, меѓу кои две деца на возраст од две и пет години, пренесува АП.

Торнадото предизвика штета на автопатот што ги поврзува Тексас и Оклахома, како и на домови и далноводи во бројни градови во Тексас, Оклахома и Арканзас, оставајќи 250.000 домаќинства без струја, пренесува Ројтерс.

Торнадо го погоди округот Дентон во саботата вечерта, а нема извештаи за повредени, соопштија локалните власти.

Невремето предизвика штета и во градот Клермор, Оклахома, каде урна далноводи, корнеше дрвја и блокираше патишта, соопшти полицијата.

Топлотен бран го зафати југот на Тексас, каде за викендот на некои места се предвидуваат температури и до 49 Целзиусови степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот