ЕУ за уште една година ги продолжи санкциите воведени поради руската анексија на Крим

Крим / Фото: Arthur Lookyanov / Alamy / Alamy / Profimedia

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за продолжување на санкциите воведени како одговор на илегалната анексија на Крим и градот Севастопол од страна на Русија до 23 јуни 2025 година.

Рестриктивни мерки кон Русија во врска со анексијата првпат беа воведени во јуни 2014 година и тие вклучуваат забрани за увоз во ЕУ на производи кои потекнуваат од Крим или Севастопол, како и за инфраструктурни или финансиски инвестиции и туристички услуги на овие територии.

Понатаму, со санкциите се забранува извоз на одредени стоки и технологии од ЕУ за Крим, кои би можеле да се користат во транспортниот, телекомуникацискиот и енергетскиот сектор или за истражување и производство на нафта, гас и минерални ресурси.

– ЕУ не ја признава и натаму ја осудува илегалната анексија на Крим и Севастопол од страна на Руската Федерација како кршење на меѓународното право. Од 2022 година, Русија дополнително го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина со нејзината неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна против Украина. ЕУ останува цврста во својата посветеност на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници и нејзиното вродено право на самоодбрана од руската агресија и посветена на целосно спроведување на нејзината политика за непризнавање, се додава во соопштението на Советот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот