За една година прометот во индустријата опаднал за седум отсто

Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април минатата година е намален за седум проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2024 година, во однос на април
2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,8 проценти, Tрајни производи за широка
потрошувачка за 5,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,7 проценти, а опаѓање кај
Капитални производи за 23,2 проценти. Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на март годинава е намален за 11,6 проценти а во периодот јануари – април година, во однос истиот период лани за 8,7 отсто.

На домашниот пазар, прометот во индустријата во април годинава во однос на април минатата година е зголемен за 8,7 проценти, а за 1,2 проценти во однос на март годинава. Во периодот јануари – април годинава во однос на јануари – април минатата година, пак, има зголемување од 102.3.

Според податоците на ДЗС, прометот во индустријата на странските пазари, во април годинава во однос на април минатата година е намален за 11 проценти, а во однос на март 2024 година, за 15,4 отсто. Во периодот јануари – април година, во однос на истиопт период лани, има намалување од 11,5 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот