ВИДЕО | Жена го нападна Тарантино во ресторан, викајќи му дека е „ционистичко ѓубре“

Квентин Тарантино со сопругата / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Познатиот режисер Квентин Тарантино бил нападнат во ресторан во Њујорк.

„Ционистичко ѓубре“, му извикала жена која на социјалните мрежи се претставува како „Крекхед Барни“ (Crackhead Barney).

Таа го објавила тоа видео на својот профил. Таму можете да видите како Барни, чие вистинско име сè уште не е познато, му приоѓа на режисерот кој седи сам на масата во аголот.

„Квентин Тарантино!“, извикала таа.

„Еј“, кратко ѝ одговорил Тарантино.

„Зошто си ционистички ѓубре?“, потоа го прашала жената.

 


Тарантино не одговорил на тоа, само ги прекрстил рацете.

Таа потоа го прашала „дали оди во Израел“, но режисерот не стасал да ѝ одговори, бидејќи реагирале вработените во ресторанот.

Додека Тарантино излегувал од ресторанот, бил опколен од пропалестински демонстранти кои извикувале „Слободна Палестина!“.

Тие, исто така, го турнале и клоцале автомобилот во кој влегол.

Инаку, Тарантино е оженет со израелската пејачка и модел Даниела Пик и јавно застана на страната на Израел во војната.

Тарантино, кој го поминува времето на релација Тел Авив-Холивуд, откако се ожени со Даниел во 2018 година, многупати, со љубов, зборуваше за животот во Израел. Исто така, неговата сопруга е ќерка на починатиот израелски текстописец и изведувач, Пик Свик.

Легендарниот Тарантино на 56 години го доби првото дете

Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела станаа родители по втор пат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот