Мотицклист тешко повреден откако излетал од патот Новаци-Македонски брод

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Шеесет и седумгодишен маж е тешко повреден откако со мотоцикл излетал од патот Новаци-Македонски брод.

„Вчера во 16.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Новаци – Македонски Брод мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Љ.К.(67) од с.Тепавци, општина Новаци, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола“, информираат од МВР.

Извршен бил од увидна екипа од СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот