ВИДЕО | Тонкин: Со муралите сакаме да испратиме позитивни пораки во општеството

Ненад Тонкин / Утрински брифинг
Ненад Тонкин / Утрински брифинг

Во последните неколку години нов омилен вид уметност на јавен простор станаа муралите, прво во Скопје а потоа и во другите градови низ државата. Ненад Тонкин со екипа на млади уметници, деновиве го завршија проектот „Градиме култура, сликаме култура – мурали за 30 години независност на Македонија“ со цел да се одбележи 30 годишнината од независноста на нашата држава, се насликани мурали во: Богданци, Велес, Кавадарци, Кратово, Крива Паланка, Скопје и Струга.

„Не е лесно да се добие ѕид и тоа е многу важно затоа што тие ѕидови ги држи некаквавласт, општинска или централна или пак се приватни објекти, а знаеме дека и многу реклами се појавуваат а сопствениците на приватните објекти ги сакаат затоа што земаат месечен надомест. Пред неколку години скопската градска власт ги дадеѕидовите на млади уметници токму на ѕидовите во приземјето на ГТЦ и, ми се чини дека оттаму потекна се’. Што се однесува на овој конкретен проект, владата имаше повик за 30-годишнината од независноста, го замисливме овој проект како продолжување на традицијата на монументалната уметност кај нас. По Втората светска војна вакава уметноста изработувале Борко Лазески – сите го знаеме, потоа Петар Мазев, Глигор Чемерски, Никола Мартиноски исто имал мурали, но некои од тие објекти се срушени. Повикав уметници да работиме во седум градови, почнавме од Богданци и низ процесот на работа се наметна идејата да се направи потсетување на големите културни дејци. Така во Богданци тоа беа многу популарните глумци Ѓорѓи Колозов и Ванчо Петрушевски, двајцата родум од Богданци и уметницата што ги наслика е исто така од Богданци, тоа е Емилија Мишева. Проектот го завршивме со Скопје каде муралот е на фасадата на ОУ Песталоци и е посветен на Лилјана Дирјан и Богомил Ѓузел една прекрасна книжевна двојка, двајцата ги изгубивме скоро и спред мене не ми е оддадено доволно време и место. Муралот го работеше уметницата Јана Јакимовска, јас и’ помагав и реакциите беа одлични во јавноста, а тоа е многу прометно место, родители на деца кои завршилево седумдести или осумдести години беа пресреќни и тоа ни даде баш добар мотив и понатаму да работиме следната година“, вели за Утрински брифинг, Ненад Тонкин, ликовен уметник.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот